Германски фудбалски тренер казнет поради фалсификуван ковид сертификат

1 min read

Првите луѓе на германскиот фудбал конечно стави крај на повеќемесечната афера со тренерот Маркус Анфанг (47).

Имено, овој тренер го фалсификувал сертификатот за вакцинација против ковид-19 и со лажни документи го водел Вердер Бремен на натпреварите од втората германска лига минатата есен.

Клубот од Бремен кога дознал за лажната потврда за вакцинација веднаш му врачил отказ, а сега стигна и посериозна санкција.

Германската фудбалска асоцијација потврди дека Анфанг нема да може да води ниту еден клуб во наредната година и ќе мора да плати казна од 20.000 евра.

Анфанг ќе ја чека одлуката и од судските власти, а бидејќи претходно немал проблеми со законот, не би требало да биде построго санкциониран.

Инаку, тој ја презеде тренерската функција на Вердер во јуни, откако клубот по 40 години испадна од Бундес лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Идентични“: Елизабет Дебицки се трансформираше во принцеза Дајана за снимањето на „The Crown“

Следно

Седница на ЦО на СДСМ: Државата навреме презема мерки за одговор на пандемијата и енергетската криза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian