ФОТО | Спектакл на коњ: Внуката на Грејс Кели ја отвори модната ревија на „Шанел“

1 min read

Шарлот Казираги, внуката на американската актерка и принцеза од Монако, Грејс Кели, на уникатен начин ја отвори овогодишната ревија на француската модна куќа „Шанел“.

Новата амбасадорка на дизајнерската куќа, дојава на прекрасен црн коњ на ревијата во парискиот Гранд Палас. Долгогодишната страствена јавачка се појави пред присутната публика како вистинска кралска хероина, носејќи препознатлива облека со потписот на „Шанел“, предизвикувајќи голем спектакл.

Шарлот Казираги
EPA-EFE/Mohammed Badra

Шарлот беше облечена во сако од твид со светки и јавачка капа, соодветни чизми, ракавици и дискретна шминка.

Шарлот Казираги
EPA-EFE/Mohammed Badra

Внуката на Грејс Кели стана заштитно лице на овој бренд во 2020 година, а уметникот Хавиер Вејлан ја претвори главната улица во Париз, Шанзелизе во вистински хиподром. Токму тој изразил желба Шарлот да биде централна фигура на овогодишната haute couture ревија за колекцијата пролет/лето на „Шанел“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ескобар и Лајчак во заедничка посета на Западен Балкан, продолжува дијалогот Белград-Приштина

Следно

Јошко Миленкоски е нов селектор на црногорската одбојкарска репрезентација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian