ФОТО | Нека ви замириса цела кујна: Пилешки батачиња со лимон и рузмарин

1 min read

Ако сакате овој сивкаст ден да го „обоите“ со вкусови, направете го овој едноставен рецепт за ручек.

За сите љубители на бело месо, односно батачиња, ова јадење ќе биде полн погодок да направите нешто ново, а сепак едноставно и со минимум труд.

Потребно ви е за 2 лица:

  • 6 помали пилешки батачиња
  • 1 лимон (сокот и кората)
  • 1 врзоп рузмарин (или лажица сув рузмарин, ако не најдете свеж)
  • сол
  • бибер
  • кари зачин
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сенф

Подготовка:

Батачињата убаво измијте ги и ставете ги на салфетка да се исцедат. Во меѓувреме во длабок сад ставете ги млекото, маслиново масло, лажица сенф, исцеден еден лимон+ рендана кората од лимонот, бибер, сол, и рузмаринот на гранчиња (или сув) и кари зачинот. Смесата треба да биде како сос.  Потоа ставете ги батачињата и извалкајте ги во смесата и покријте ги со стреч-фолија и оставете ги во фрижидер барем 1 час добро да се измаринираат и да ја впијат смесата.

Потоа, во плехче на хартија за печење наредете ги батачињата, попрскајте ги со маслиново масло и печете ги на 200 степени околу 30 минути, зависно колку сакате да бидат крцкави.

Прилог:

Една ќесичка од златна мешавина динстајте ја на путер и додајте малку сол. Откако ќе се свари, послужете како прилог со батачињата.

Уживајте!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Опожарено возило во Чаир

Следно

Официјално: Зајков не е повеќе фудбалер на Левски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian