ФОТО | „Многу сум благодарна што сум жива“: Алиша Кис за „влакно“ се спасила од светот на дрога и проституција

2 mins read

Алиша Кис го прослави својот 41 роденден, а во описот на фотографиите кои ги објави на својот инстаграм-профил ги воодушеви нејзините обожаватели.

„Роденден ми е! Многу сум благодарна што сум жива! Благодарна сум за сите што ме изненадија синоќа со маестрално изненадување. Ме направивте толку среќна! Испраќам голема љубов за секоја роденденска желба, молитва и сета убава енергија што ми ја испративте досега! Чувствувам сè! Вчера цел ден немав поим што се случува или што доаѓа. Сега навистина не знам што да очекувам! Знам едно, ја славам секоја секунда затоа што животот е премногу скапоцен за да губиме време! Ве обожавам!“, напиша музичката дива во описот на фотографиите.

Седмиот студиски албум во нејзината кариера беше објавен пред неколку дена. Иако во својата успешна кариера има освоено 15 Греми награди и е горда мајка на две деца која досега има продадено 35 милиони албуми и 30 милиони синглови, оваа роденденска порака многумина ги потсети на тешкиот живот на Алиша.

„Јас сум личноста која не требаше да успее. Требаше да завршам како проститутка, млада мајка на 16 години или зависник од дрога. Јас сум токму таа која требаше да се најде на погрешно место во погрешно време“, изјави таа во едно неодамнешно интервју, осврнувајќи се на маките на Афроамериканците во американското општество, особено на жените.

Единствената Алиша призна дека нејзината музичка кариера ја спасила од пеколниот свет на дрогата, проституцијата и лошиот живот. Таа пораснала во озогласениот њујоршки кварт „Hell’s Kitchen“, кој во тоа време бил познат по бизнисот со проституција. Кис тврди дека била сведок на тажни човечки приказни уште од мала.

Таа се проби на музичката сцена во 2001 година со синглот „Fallin`“, со кој ги освои светските топ листи, но Алиша вели дека никогаш не заборавила од каде доаѓа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сообраќајка во Лисиче – еден починат, тешко повредена малолетничка

Следно

Костадинов: Италија е фаворит, но верувам во чуда!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian