ФОТО | Македонската јавност се прости со Маестро Џамбазов: Нема повеќе сенки за тебе, патувај кон светлината!

3 mins read

Вчера почина македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов. Веста за неговата смрт ги погоди сите од македонската сцена, а јавноста изразуваше сочувство преку социјалните мрежи, споменувајќи го големиот Маестро како особено инспиративен и важен дел од нивните животи.

На инстаграм профилот на неговиот син, глумецот и шоумен Игор Џамбазов, се нижеа емотивни пораки и објави од домашните музичари, композитори, јавни личности кои му оддадоа последна почит на починатиот композитор, со зборови за утеха и поткрепа до семејството.

Игор несебично ги споделуваше со своите следбеници, а дел од нив запишаа и трогнувачки спомени поврзани со Александар. Личности кои споделија се пејачката Калиопи, актерката Весна Петрушевска, претседателот Стево Пендаровски, пејачката Маја Вукичевиќ, новинарката Ана Зафирова, музичарот Никола Перевски-Пере, многубројни пријатели, медиуми и портали.

Весна Петрушевска на свojoт инстаграм профил запиша:

„Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор…Што седења сме си имале пред Воена болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна. Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал…Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!“

На својот профил, и претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство со емотивна порака:

„Маестро Александар Џамбазов трајно ја задолжи македонската музичка уметност и култура.
Автор на класична, хорска, филмска, театарска, детска и поп музика. Голем композитор и врвен диригент, кого го красеше ведар и благороден дух.
Вечен спомен и нека почива во мир.“

Поп дивата Калиопи го испрати со следниве зборови:

„Чичко Ацо мој…
Маестро,
Бескрајно му благодарам на животот што те имав како свој музички татко… Патувај мирно кон бесконечноста…
Те сака твоја Опи“

Зборови со тага и голема почит споделија и Пере од Нокаут, Маја Вукичевиќ, новинарката Ана Зафирова и многу портали, медиуми и фејсбук страници кои се почитувачи на македонските трајни вредности.

Почивај во мир и вечна ти слава, Маестро!

Почина Александар Џамбазов: Последен поздрав маестро

ВИДЕО | Сестрата на Игор Џамбазов сподели трогателна објава: Преубави времиња, посебен човек, тато!

ФОТО | Љубовната приказна на Александар и Анче Џамбазови: Раскошни љубов и талент кои се паметат

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: Тензиите меѓу САД и НАТО влијаат на Балканот?

Следно

ВИДЕО | Пендаровски: Државите ја имаат главната одговорност во заштитата на бегалците и човековите права

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian