ФОТО | „Идентични“: Елизабет Дебицки се трансформираше во принцеза Дајана за снимањето на „The Crown“

1 min read

Австралиската актерка Елизабет Дебицки ја толкува улогата на покојната принцеза Дајана во новата сезона на серијата „The Crown“, а обожавателите велат дека изгледаат идентично.

Снимањето на серијата беше прекинато одредено време бидејќи се шпекулираше дека неколку луѓе на сетот се позитивни на ковид-19, но според новите фотографии кои неодамна се појавија на социјалните мрежи, се чини дека снимањето продолжува.

31-годишната актерка Елизабет Дебицки ќе ја видиме во улогата на принцезата Дајана, а обожавателите беа воодушевени, коментирајќи дека Елизабет е совршен избор за улогата.

Актерката на една од фотографиите е облечена во голема јакна, панталони во риги и големи очила за сонце за време на снимањето на сцената опкружена со папараци.

„Духот на принцезата Дајана, нејзините зборови и нејзините дела живеат во срцата на многумина. За мене е вистинска привилегија и чест да се приклучам на оваа маестрална серија, која целосно ме привлече уште од првата епизода“, во една прилика изјави Дебицки.

Новата сезона на серијата доаѓа дури на есен, и истата ќе се занимава со последните години од бракот на принцот Чарлс и принцезата Дајана, како и последните денови од животот на Дајана пред да биде убиена во сообраќајната несреќа во Париз во 1997 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трајанов за процесите со Бугарија: Главните прашања ги оспоруваат со негација на македонскиот народ и јазик

Следно

Германски фудбалски тренер казнет поради фалсификуван ковид сертификат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian