Ескобар и Лајчак во заедничка посета на Западен Балкан, продолжува дијалогот Белград-Приштина

1 min read

Специјалниот пратеник на САД за Балканот Габриел Екосбар, заедно со претставникот на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, од 30 јануари до 4 февруари ќе престојуваат во Брисел, Приштина и Белград, соопшти Канцеларијата за Европа и Евроазија на Стејт департментот.

На Твитер профилот на Канцеларијата се нагласува дека целта на посетата е да се охрабрат лидерите на Белград и Приштина да ги нормализираат односите преку дијалог со посредство на ЕУ и да спроведат реформи на европскиот пат.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел вчера по состаноците на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Србија најави заедничка посета на Ескобар и Лајчак на Белград и Приштина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОЈО нареди обдукција, технички преглед на автомобилот и прибрање докази за несреќата на мост „Гоце Делчев“

Следно

ФОТО | Спектакл на коњ: Внуката на Грејс Кели ја отвори модната ревија на „Шанел“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian