Доктор спаси два животи за три месеци на стадионите во Англија

2 mins read

Англискиот лекар Том Причард го врежа своето име меѓу хероите откако за три месеци спаси два животи на фудбалските терени во Англија.

Причард спаси навивач на Њукасл пред три месеци на мечот против Тотенхем, кој беше прекинат поради срцев удар на трибините.

Причард во таа прилика како навивач на натпреварот беше присутен во цивилна облека, но со брза реакција му го спаси животот на навивачот. Сето тоа се случи во октомври, а по натпреварот тој работеше ноќна смена во болницата Норт Тис во Стоктон.

Речиси идентична ситуација му се случи и на големиот херој синоќа. Овој пат беше на должност бидејќи работи во англискиот второлигаш Мидлсброу.

Со лекарскиот тим на Мидлсброу беше на гостување кај Блекбурн во Чемпионшип, а со колегата Крис Мозели истрча да му помогне на навивач кој доживеа срцев удар. Дуото му пружи прва помош и му го спаси животот, иако постариот господин на трибините не даваше знаци на живот.

– Блекбурн Роверс со задоволство објавува дека постариот господин, кој доби медицинска помош за време на натпреварот, моментално е во стабилна состојба во болница – соопшти поранешниот англиски шампион.

Несреќата се случи кон средината на второто полувреме на трибината на Џек Вокер. Натпреварот заврши 1:0 во корист на домаќините.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со педијатар Елена Манолева Николовска: Зошто ковид-19 кај децата е полесен и од грип и од други респираторни болести?

Следно

Кој ќе дојде на училиште без маска, ќе се врати дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian