Цеце Николова храбро за борбата со алопеција: Црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса, нели?

2 mins read

Македонската новинарка Цеце Николова е една од храбрите жени која се бори без оружје против автоимуната болест алопеција.

24-годишната девојка од Скопје неодамна храбро ја извади периката и покажа како изгледа, инспирирајќи ги оние кои се нашле во слична ситуација, гласно давајќи им до знаење дека не се сами.

Новинарката Цеце Николова со емотивна исповед: Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира!

Николова на својот инстаграм-профил продолжува да инспирира и отворено да зборува за болеста со која живее. Сега откри дека покрај паѓањето на косата, се соочува и со проблем со трепките на едното око.

„Откако ми паднаа 95% од трепките на десното око (сликана сум со предна камера), кога мислев дека ќе доживеам нервен слом пред првото шминкање на кое нема да можам да ставам римел и после кое најверојатно ќе изглеам ко болна (а притоа не би ставила вештачки трепки) – јас почнав да уживам цртајќи си ја устата. Али, буквално да уживам“, ја започна својата објава Цеце.

„Па така, иако без трепки на едно око, си добив супер природен изглед и едвај го чекам секој нареден ден за ново многу внимателно цртање на устата.  Трепкиве не се мрднати од септември навака, ама стварно не ме интересира. Но, ради нив знаат да прашаат – што ти е на окото? Болна си? Мислам дека имаш јачмен. Не дечки, другарка ми алопеција е. Инаку, многу ја сакам сликава, затоа што црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса, нели?“, напиша таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина партизанката од Битола Ратка Бакалиноска

Следно

ЗОИ Пекинг 2022: Организаторот ќе дели кондоми, но не препорачува прегратки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian