ВИДЕО: Традиционална крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше Проески

2 mins read

По осумнаесетти пат денеска ќе се дарува крв во чест на Тоше Проески. Крводарителската акција е организирана по повод роденденот на Тоше, а истата секогаш привлекува најголем број крводарители, особено млади.

– Крводарителската акција ќе трае од 9 до 17 часот. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да даруваат крв ќе можат да не посетат во Домот на АРМ, но пред да пристапат кон дарување крв, ќе треба да поминат низ медицински преглед и разговор со лекар со цел да се воочи здравствената состојба на потенцијалниот крводарител. Самото крводарување не трае повеќе од десетина минути, објаснува Александра Валкановска од Црвениот крст на Град Скопје.

На крводарителските акции посветени на Тоше Проески се собираат најмногу единици крв, а има околу 500 крводарители.

– За среќа младите го следат примерот на Тоше. Најголем процент од крводарителите на оваа акција се млади луѓе, што покажува дека навистина вреди да се биде позитивен пример и хуман човек. Тоше беше хуманист и крводарител, заштитно лице на кампањата за промовирање на крводарителството на Црвениот крст, така што може да кажеме дека неговата хуманост поттикнува и друи хумани дела, вели Александра.

Таа апелира не само денеска, крв да се дарува на секоја друга крводарителска акција.

– Согласно интегралниот план за крводарителство, во Македонија акции за дарување крв има речиси секој ден. Сите кои денеска нема да бидат во можност да дојдат во Домот на АРМ, ги повикувам да дојдат во дневниот центар за дарување крв, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Екипите на трансфузиона медицина се секојдневно таму од 8 до 15 часот.

Жените можат да даруваат крв три пати годишно, додека мажите можат да даруваат четири пати годишно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Подмолна болест без симптоми кај младите жени: Како да ја препознаете и да спречите фатален исход

Следно

ИЈЗ: Зголемен бројот на позитивни случаи и реинфекции со Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian