ВИДЕО | Снежните бури во Грција и Турција направија хаос: Луѓе во автомобили ја минале ноќта под снегот

2 mins read

Спасувачките екипи во Истанбул и Атина цел ден копале снег и мраз за да ги расчистат блокираните сообраќајници и да ги спасат луѓето кои преку ноќ останале заробени во своите автомобили по снежните бури.

Автопатите и улиците во Истанбул од вчера биле блокирани откако бурата пристигнала во овој град со 16 милиони жители кој се простира на европскиот и азискиот континент.

Во некои области паднале повеќе од 80 центиметри снег, а бројни возачи кои не можеле да ги стартуваат своите возила останале заглавени преку ноќ во своите автомобили или се обидувале пешки дојдат до своите домови, железницата или метрото, пренесува “AP”.

Денеска во текот на попладнето сите автопати и главни сообраќајници повторно биле отворени и проодни, потврдил министерот за сообраќај и инфраструктура Адил Караисмаилоглу на својот профил на Твитер.

Властите денеска исто така успеале да ги исчистат и пистите на аеродромот во Истанбул и да овозможат ограничен воздушен сообраќај.

Во Атина спасувачките екипи извлекле околу 300 возачи заробени на автопатот кој го поврзува главниот град со атинскиот меѓународен аеродром.

Голем број на возачи ги оставиле своите автомобили и го продолжиле патот пешки, а многумина се упатиле до најблиската железничка станица, прескокнувајќи снежни бариери.

Војската била пратена преку ноќ да им достави храна и вода на оние кои биле заробени во своите возила и да помогне што поголем број на автомобили да се ослободат и да стартуваат.

Грчките власти соопштиле дека секој возач кој бил заробен во автомобил ќе добие отштета од 2.000 евра.

Отштета од 2.000 евра за заглавените возачи на автопатот во Атина

Силните врнежи од снег денеска во главно престанале, а многу улици во Атина останале блокирани, додека неколку квартови на северот на градот останале без електрична енергија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби ќе организира фудбалски меч меѓу кабинетите на бугарската и македонската влада

Следно

ФОТО | Душата боли од зборовите на Цетински на роденденот на Тоше: Запејте ја со Аки…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian