ВИДЕО | Сестрата на Игор Џамбазов сподели трогателна објава: Преубави времиња, посебен човек, тато!

1 min read

Денес почина маестро Александар Џамбазов.

Почина Александар Џамбазов: Последен поздрав маестро

Веста за неговата смрт официјално ја пренесе синот и познатиот актер Игор Џамбазов, кој на својот инстаграм профил сподели фотографија од татко си со зборовите:

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.

Вчера вечерта и ќерката на Александар, Тања Џамбазова која живее и работи во Америка сподели трогателно видео од својот татко, документарец во кој е сплотено сето сеќавање и љубов за Александар Џамбазов и неговата важност за културата во Македонија.

Таа во објавата напиша:

„Прекрасен документарец за тато Александар, сеќавање на прекрасните денови од стара Југославија, во кои имаше љубов, ентузијазам, насмевки и разбирање од државата за важноста на музичката култура… Благодарам на сите кои го направија овој документарец, споделете го со вашите дома, ќе им биде ќеф. Фала Илина Арсова што го најде, ми се наполни срцето и ми се направи голема грутка во грлото. Преубави времиња, и посебен човек, тато.“

Почивај во мир, Маестро!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милановиќ: Хрватска нема што да бара во Украина, нема да учествуваме во никаков конфликт

Следно

Почина поранешен олимписки шампион, вакцината против ковид-19 ја прими предоцна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian