ВИДЕО | Колоски: ОМД го помага македонското малцинство во Бугарија и работи да биде признаено

2 mins read

Македонците од дијаспората поднесоа резолуција 741 месецот септември во САД да се чествува како месец на Македонија. Тоа е прифатено од Конгресот иако процедурата сѐ уште не е довршена. За ова и за тоа колку македонската дијаспора може да помогне на надворешната политика во Утрински брифинг разговаравме со Мето Колоски, од Обединета македонска дијаспора.

-Ова е првпат во историјата на Америка да биде однесена резолуција за македонско-американско наследство. Изграсувањето значи признавање на македонската заедница во Америка и придонесот на нашата заедница за американското општество, вели Колоски.

Друго прашање што се наметнува е бројноста на Македонците со огллед на тоа што долго време немавме попис. Има претпоставка дека околу половина милион Македонци живееле во САД.

-Сега во пописот на САД има поинакви правила. Таму се прашува на попис за расата а не за потеклото, иако опционо имаше на овој попис можност да се изјасниме за културата и јазикот, вели Колоски.

Обединета македонска дијаспора е насекаде по светот. Добро е што во Романија сме признаени за национално малцинство и дравата се грижи за одржување на културниот идентитет. Како малцинство Македонците се признаени во речиси сите земји на Балканот освен во Грција и Бугарија. Обединета македонска дијаспора многу работи на тоа да се афирмира ширум светот дека македонско малцинство постои и во овие две земји кои одбиваат да го признаат.

-Сме имале соработка со претставниците на Македонците од Бугарија, сме финансирале нивни посети во САД во Конгресот. Се надеваме дека ќе имаме грант за финансирање на „Македонска волја“, списание на македонското малцинство во Бугарија. Секогаш стоиме на располагање, преведуваме текстови, пишуваме извештаи до Советот за човекови права на Стејт департментот и слично, вели Колоски.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Навивачите во транс, Меси на вечера во Барселона

Следно

Милошоски до Османи: Доставете ги одговорите 5+1 во Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian