ВИДЕО | Донирала бубрег за нејзиното момче, по неколку месеци ја изневерил и ѝ раскинал

3 mins read

Американката Колин Ли донирала бубрег за нејзиното момче, а веста стана вирална на социјалните мрежи откако таа откри дека тој ѝ прекинал само неколку месеци по операцијата, пренесува „DailyMail“.

30-годишната Колин објасни дека на нејзиното момче во тоа време му била потребна трансплантација на бубрег бидејќи се борел со хронична бубрежна болест поради која морал да оди на дијализа на само 17 години.

Таа доброволно донирала еден од нејзините бубрези откако тестот покажал дека се компатабилни, но помалку од една година по операцијата тој ја изневерил, а неколку месеци подоцна ѝ раскинал.

@colleeeniie Reply to @jenn.eunice I’m so sorry this took a long time! Let me know if you’re interested in part 2! #storytime #fyp #foryoupage #kidneydonor ♬ I am at ur moms house – Elizabeth Chetwynd

Девојката на „ТикТок“ собра повеќе од 2 милиони лајкови на нејзините видеа во кои го откри редоследот на настани, а многумина ја пофалија што му го спасила животот на нејзиното поранешно момче и коментираат дека не го заслужува тоа.

Во едно од нејзините први видеа, Колин откри дека нејзиното поранешно момче ѝ кажало дека неговиот бубрег функционира со помалку од пет проценти.

„Решив да се тестирам за да видам дали сме компатабилни, затоа што не сакав да го гледам како умира. Бев многу вознемирена“, откри Колин.

 

Кога дознала дека се совпаѓаат, Колин продолжила со процедурата за донација и обајцата целосно закрепнале по успешната трансплантација. Меѓутоа, во следното видео таа објасни дека нивната врска набрзо влегла во голема криза.

Седум месеци по процедурата, нејзиното момче тврдел дека ќе оди на ергенска забава во Лас Вегас.

Колин вели дека не била загрижена за патувањето бидејќи тој бил побожен христијанин и решила да се фокусира на учењето за завршните испити. Но, таа набрзо била шокирана кога нејзиното момче се вратило дома и открило дека ја
изневерувал.

„По многу кавги… На крајот му простив и му дадов втора шанса“, раскажа таа, објаснувајќи дека само три месеци подоцна ја прекинал врската со зборовите: „Ако сме предодредени еден за друг, Бог на крајот повторно ќе нè обедини“, а потоа ја блокирал на сите социјални мрежи.

@colleeeniie Reply to @gina.phamm Who’s interested in part 3? 😅 #fyp #foryoupage #lovestory #relationship #kidneydonor ♬ I am at ur moms house – Elizabeth Chetwynd

Девојката во едно од видеата вели дека нејзиното поранешно момче ја обвинило дека донирала бубрег само за да „испадне добра“.

Многумина го осудија однесувањето на момчето на Колин по трансплантацијата на бубрегот.

„Се прашувам дали ја разбира сериозноста на донирањето бубрег. Буквално си го жртвувала сопствениот живот за него. Ти си многу добра душа“, „Не грижи се девојче, тој буквално не може без тебе и треба да се справува со тоа до крајот на животот“, „Не те заслужува ниту го заслужил бубрегот што му го подари“, се дел од коментарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нова мистерија: Некој ги прегледува објавите на профилот на исчезнатиот Матеј на Инстаграм

Следно

Почина легендарниот холандски фудбалер Вим Јансен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian