ВИДЕО | Андоновиќ: Црна Гора меѓу техничка влада или вонредни избори

1 min read

Црна Гора во моментов се наоѓа во политичка криза. Земјата и премиерот Здравко Кривокапиќ се под голем притисок.

Вчера премиерот побара смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ од функцијата претседател на Националниот совет за борба против високата корупција. Претходно, Абазовиќ ја критикуваше Владата на Кривокапиќ, тврдејќи дека законодавната и извршната власт не функционираат правилно. Тој препорача распуштање на актуелната и создавање на малцинска Влада, каде тој би бил премиер.

Абазовиќ пак, е обвинет дека со неговата политика тој се обидува да ги врати на власт Демократските социјалисти на Мило Ѓукановиќ.

Драмата во црногорската влада продолжува: Премиерот Кривокапиќ бара смена на вицепремиерот Абазовиќ од друга функција

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорите на скопските јавни претпријатија потполнија анкетни листови, ќе има ветинг за прв пат

Следно

ФОТО | Аки Рахимовски ќе биде погребан в четврток, испратена и специјална молба до фановите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian