Почина легендарниот холандски фудбалер Вим Јансен

1 min read

Поранешниот холандски репрезентативец Вим Јенсен, почина на 75-годишна возраст, објави тимот на Феенорд.

Јансен боледуваше од деменција, а неговиот поранешен тим Феенорд, во соопштението за јавност го нарече „еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле за тимот“.

Јансен со Феенорд во 1970 година триумфира во тогашниот Куп на европски шампиони (сегашна Лига на шампиони), што воедно е прва титула европски шампион за некој холандски тим.
Четири години подоцна, беше капитен на Феенорд кога во финалето на Купот на УЕФА го совлада Тотенхем.

За Феенорд одигра 476 натпревари на кои постигна 39 гола, а има и 65 настапи за репрезентацијата на Холандија. Со „лалињата“ играше во две финалиња на Светските првенства по ред, во 1974 и во 1978 година. Како тренер го предводеше Феенорд од 1990 до 1993 година, а во сезоната 1997/98 седеше на клупата на Селтик.

Најголемиот комплимент за тоа каков фудбалер беше Јансен, дојде од легендарниот Холанѓанец Јохан Кројф кој во една прилика рече дека Јансен ееден од четворицата луѓе на светот кои вреди да ги слушате кога зборуваат за фудбалот.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Донирала бубрег за нејзиното момче, по неколку месеци ја изневерил и ѝ раскинал

Следно

Шоферот е виновен за автобуската несреќа, заклучија бугарските истражители

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian