Осветлено детското катче во Паркот на бранителите во Драчево

1 min read

Просторот наменет за детска игра во Паркот на бранителите во Драчево е осветлен.

Општина Кисела Вода во ова детско игралиште постави четири петметарски столбови со светилки кои ќе овозможат истото да се користи до подоцнежните часови.

-Ова детско катче е многу често посетувано од страна на локалното население. Во самиот комплекс има и клупи кои најчесто ги користат родителите, кои се придружба на најмладите. Со осветлувањето на просторот се зголеми комодитетот, но и безбедноста на посетителите. Интервенциите во подобрување на условите и креирање на нови детските катчиња, активно течат, велат од општината.

Во изминатиот период, Општина Кисела Вода темелно реконструираше две детски игралишта. Првото, лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”, а второто во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во близина на булеварот “Борис Трајковски”.

skopjeinfo.mk

Претходно

Николоски: Во рамки на најголемата политичка партија во Европа ќе имам можност да ги координирам активностите заедно со претседателот на групата во Советот на Европа

Следно

Во Србија најмногу новозаразени од почеток на пандемијата, 9.901 позитивни

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian