Нова мистерија: Некој ги прегледува објавите на профилот на исчезнатиот Матеј на Инстаграм

1 min read

На Инстаграм страницата „Missing Matej Periš“ посветена на сплиќанецот по кој полицијата и граѓаните трагаат речиси еден месец, се појави нова неверојатна објава. На Јутјуб е објавено видео на кое се гледа како некој од Инстаграм профилот на Матеј Периш ја прегледува објавата во која е означен.

Наведуваат дека доколку полицијата не го направила тоа, можно е Матеј да влегол во неговиот профил.

Ова не е првпат да се гледа активност на социјалните мрежи на момчето од Хрватска. Во петокот, по цели 22 дена, Матеј беше достапен на Вибер во 21 часот и 53 минути. Луѓето кои не губат надеж дека ќе се појави исчезнатиот млад човек ја споделија оваа информација која предизвика лавина од коментари на мрежите. Едно од објаснувањата е дека полицијата била логирана на неговиот акаунт за да уште еднаш ја провери комуникацијата од периодот пред да исчезне.

Оваа теорија се покажа како точна бидејќи ден подоцна ја потврди таткото на Матеј, Ненад Периш, кој објаснил дека оперативци на МУП влегле во Вибер акаунтот и ја провериле кореспонденцијата.

-Веројатно и овој пат оперативците се најавиле на Инстаграм за повторно да ја поминат кореспонденцијата на Матеј, особено ако се знае дека тој ја користел оваа апликација за допишување ноќта на неговото исчезнување – објаснува извор за Курир рс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре ќе се палат свеќи и ќе се положува цвеќе за Аки на плоштадот Македонија

Следно

ВИДЕО | Донирала бубрег за нејзиното момче, по неколку месеци ја изневерил и ѝ раскинал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian