Мицковски до Ковачевски: Државните интереси не може да се стават во ексел табела

1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во статус на Фејсбук му порача на премиерот Димитар Ковачевски дека државните интереси и животот на граѓаните не може да се стават во ексел табела.

– Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните, напиша Мицковски.

Според него, земјава е меѓу најкорупираните во Европа, а буџетскиот дефицит од околу 7.255.000.000 денари.

– Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите, стои во фејсбук статусот на Мицковски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Која е Џулија Фокс, девојката на Канје Вест: Муза од Њујорк со тешки зависности во минатото

Следно

Мицкоски до Ковачевски: Водењето држава не се става во ексел табела, а кога сме кај табелите повторно сме меѓу најкорумпираните држави во Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian