Кризниот штаб препорачува изолацијата поради ковид-19 да трае седум дена

1 min read

Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид-тест од десет на седум дена, ја достави до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба.

На седницата на ГККШ министерот за здравство Беким Сали ја претставил актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести поради, како што наведуваат од Владата, полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 25 јануари: Среќата ќе биде вашиот најголем пријател денес

Следно

Зошто Ковачевски не беше во изолација кога се тестирал за Ковид, ќе има ли кривична одговорност за Зечевиќ за ширење на зараза?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian