Коралес ја спаси „фуријата“, Шпанија обезбеди полуфинале на ЕП 2022

1 min read

Ракометната репрезентација на Шпанија се пласира во полуфиналето на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка. Шпанците во последното коло од  групата 2 во главната рунда со 28:27 ја совладаа Полска ѝ и се приклучија на Данска како втора селекција која обезбеди полуфинале.

Херој на „фуријата“ е голманот Родриго Коралес кој во последниот напад на Полјаците одбрани два зицери. Шпанците и со реми ќе играа во полуфиналето, но вака со евентуален триумф на Шведска во скандинавската пресметка со Норвешка ќе го обезбеди првото место во групата.

Касадо, Гомез и Соле со по четири гола беа најефикасни кај Шпанија додека Морито даде шест гола за Полска.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Боб Дилан го продаде својот музички каталог: „Sony Music“ со зделка од 200 милиони долари

Следно

Повторно рекорд: Над 2.300 нови случаи на ковид-19, дури 21 пациент починал во изминатиот ден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian