Инспекторатот на Град Скопје изврши 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси

1 min read

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатиов период извршија 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси. Притоа, изречен е еден прекршочен платен налог на станица за технички преглед.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини.

Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, велат од Град Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

Стоилковски: Дали во случајот нарко лабораторија во Визбегово е вмешан братот на шефот на кабинет на Ковачевски?

Следно

Мета: Доста е од корупција во Албанија, да се угледаме на соседите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian