Груби ќе организира фудбалски меч меѓу кабинетите на бугарската и македонската влада

2 mins read

На првата средба на заедничката работна група за култура, образование, наука, туризам, млади и спорт, нејзиниот копретседател, првиот вицепремиер Артан Груби, како приоритет договори фудбалска средба меѓу кабинетите на македонската и бугарска влада.

Двете влади денеска одржаа заедничка седница во Софија, а паралелно состаноци одржаа и четири работни групи.

Од кабинетот на Груби соопштија дека неговата работна група ги поставила заедничките приоритети на кои ќе работат во наредниот период, а меѓу нив е „организирање на еден фудбалски натпревар меѓу владините кабинети“.

На средбата како приоритети се поставени и објавувањето на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници, составување на заеднички културен календар, унапредување на соработката меѓу универзитетите од нашите земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава, организација на заеднички научни конференции, интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за Mлади и Спорт на нашата земја и Министерството за Млади и Спорт на Република Бугарија, взаемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој.

„Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум огромен оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеците, потпишуваме многу меморандуми за соработка меѓу двете страни и ценам дека оваа седница на комисијата, но и пленарната седница што ќе следи ќе биде успешна и убеден сум во многу оптимистички резултати од целата наша посета на Софија“, вели Груби по дводневната посета на Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турнирот во Дубаи ќе биде прв за Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија

Следно

ВИДЕО | Снежните бури во Грција и Турција направија хаос: Луѓе во автомобили ја минале ноќта под снегот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian