Град Скопје со поддршка на Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Сузана Тунева Пауновска, Секретар на Црвен крст на град Скопје, потпишаа договор за соработка помеѓу Градот Скопје и Црвен крст на град Скопје.

Со овој договор се предвидува поддршка за активностите на Црвениот крст на град Скопје за обезбедување услуги на дневно, односно времено згрижување на бездомни лица на подрачјето на град Скопје во пунктот и прифатилиштето за бездомни лица.

Активностите се во рамки на проектот на Црвениот крст на град Скопје „Мислиме на бездомниците“.

Активностите на Пунктот за бездомници на Црвен крст се поддржани од Град Скопје.

Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги. Бездомните лица во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк, велат надлежните. 

Бездомните лица може да го повикаат тимот од Пунктот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Ова се новите пратенички во македонското собрание

Следно

Тропската бура „Ана” усмрти најмалку 34 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian