Сите собрани на купче и насмевки на лицата – тоа е фотографијата која вчера на својот инстаграм-профил ја сподели нашата пејачка Тијана Дапчевиќ, која веќе долги години живее и работи во Белград.
Тони Михајловски и неговата сопруга Александра се работно и приватно „на гости“ во Белград, а според кажувањата на неговата сопруга, тие се таму како поддршка на Тони додека тој снима серија. Со нив беше и 10 годишниот Максим, нивниот син.
Тијана на фотографијата на која се сите заедно во ресторан и уживаат во вечерата, напиша:
„Ми дојдоа другарчињата. Тони ќе снима некоја серија, а ние ќе му пречиме“ на шега објави Тијана.
Под фотографијата имаше многу поздрави и убави коментари од сите пријатели на Тијана.
Вчера пејачката објави дека ќе настапува на на изборот за песна на Евровизија во Србија, Беовизија, со песната „Љуби, љуби довека“