ФОТО | Илина Арсова се збогува со Александар Џамбазов: Вечна ти слава, еден и единствен Маестро!

1 min read

По денешната тажна вест дека македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов нè напушти, на својот инстаграм-профил се огласи и Илина Арсова нашата позната алпинистка и планинарка, а воедно девојката на неговиот син Игор.

Илина сподели фотографија од неа со Игор и Александар со насмевки на лицата и запиша:

„Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен Маестро Џамбазов“.

Под објавата многумина од пријателите на Илина и Игор им оддадоа сочувство и голема почит за починатиот Александар.

Композиторот и диригент Александар Џамбазов почина денеска, а официјалната вест за неговото заминување ја објави синот Игор, кој исто така сподели фотографија од својот татко за збогум.

Почина Александар Џамбазов: Последен поздрав маестро

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Србија најмногу новозаразени од почеток на пандемијата, 9.901 позитивни

Следно

Пирамидалната шема „Биг Комерц“ ги „изгоре“ граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian