ФОТО | Душата боли од зборовите на Цетински на роденденот на Тоше: Запејте ја со Аки…

3 mins read

Хрватскиот пејач Тони Цетински секоја прилика ја користи за да ја искаже својата тага и болка поради прераната смрт на својот голем пријател Тоше Проески.

Цетински и денеска се присети на својот драг колега кој животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2007 година во Хрватска.

Тоше Проески денеска ќе наполнеше 41 година, а по тој повод Тони објави емотивни зборови.

„Среќен роденден Тоше! Запејте ја ти и Аки повторно од длабочините на душата со вашите прекрасни гласови „Есен во мене“. Ве сакаме засекогаш“, напиша Цетински на својот инстаграм-профил.

Во склоп на објавата, Цетински направи колаж од свои и од фотографии на Тоше во форма на буквата „Т“, со уште една посебна порака:

„Засекогаш ваши, потпишуваме.“

Тони во пораката го спомнал и Аки Рахимовски како уште еден пријател и колега што го загубил, од кого пред три дена се прости на Инстаграм.

Инаку, Цетински и на денот на 14-годишнината од смртта на Тоше, објави трогателни зборови, со кои искажа дека не може да го преболи својот сакан пријател и соработник.

„И денес четиринаесет години подоцна, тешко е да се зборува за Тоше, како и првиот ден кога се случи. Ништо не е исто со неговото заминување, а секој ден, месец и година фали уште повеќе, не само мене, туку и на сите нас кои имавме привилегија да го познаваме, да се дружиме, да работиме заедно, да се радуваме и да тагуваме! Искрено верувам дека од тој заминал во подобар свет, но благодарение на неговите дела и првенствено човечките доблести и скромност, останува засекогаш доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човештвото и Бог. Сигурен сум дека тој нè чува на некој начин и нè чува за овој земски живот, затоа што тој беше и остана ангел на добрината. Ќе го сакаме засекогаш, и сè што планиравме заедно знам како ќе надокнадиме кога ќе се сретнеме во некој план, горе во вселената… ЗАСЕКОГАШ ВО СРЦЕТО“, објави тогаш Цетински.

Инаку, и ден-денес, еден од најголемите хитови во регионот е дуетот што го снимија Цетински и Тоше – „Лагала нас мала“.

„Во чест и сеќавање на Тоше”: Поштенска марка по повод роденденот на Тоше Проески

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Снежните бури во Грција и Турција направија хаос: Луѓе во автомобили ја минале ноќта под снегот

Следно

Официјално: Хоџсон се врати од пензија и седна на клупата на Вотфорд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian