ФОТО | Аки Рахимовски ќе биде погребан в четврток, испратена и специјална молба до фановите

2 mins read

Последното испраќање на пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, ќе биде в четврток во 15 часот во загрепски Мирогој во Алејата на великаните, а како што пишува на веб-страницата на бендот, церемонијата ја организираат семејството и пријателите, пренесува порталот „Телеграм. хр“.

Од бендот имаат посебно барање до сите оние кои сакаат да му оддадат последна почит на Аки Рахимовски.

„Со оглед на актуелните епидемиолошки мерки, ги замолуваме сите кои го сакаа Аки и сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25 јануари кај Бунарот на животот, пред загрепскиот Хрватски народен театар, каде што ќе може да се донесе цвеќе и да се запалат свеќи“, пишува во објавата.

Фронтменот на групата „Парни Ваљак“ почина во саботата на 67-годишна возраст, во Ново Место, Словенија, каде што живееше последните неколку години со својата невенчана сопруга Барбара и ќерката.

Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

Во 1975 година се запознал со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хус и Јурица Паѓен, а нешто подоцна истата година, во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха, ја основале првата постава на „Парни ваљак“.

Во својата 30-годишна кариера, „Парни ваљак“ има издадено 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 албуми во живо, 4 компилации, како и две концертни ДВД.

Аки Рахимовски добил ќерка со 27-години помладата Словенка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: Црна Гора меѓу техничка влада или вонредни избори

Следно

Навивачите во транс, Меси на вечера во Барселона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian