ЕУ препорачува промени во ограничувањата за патување поради пандемијата

1 min read

Советот на ЕУ денеска соопшти дека усвоил препорака за изменување на правилата за ограничувања на патувањата поврзани со пандемијата на Ковид.

Советот препорачува од 1 февруари ограничувањата да се засноваат на патникот, а не на местото од кое пристигнува. Предвидено е секој со валиден сертификат да може да ја премине границата без дополнителни услови.

Се препорачува важноста на потврдите за вакцинираните да биде 270 дена, за прележаните – 180 дена, а за тестираните – до 72 часа од земање мостри. Од патниците кои не се сертифицирани може да се бара да се тестираат непосредно пред патувањето или до 24 часа по пристигнувањето. Советот на ЕУ предлага општите правила да не важат за граничните работници, патниците со есенцијална цел и децата под 12-годишна возраст.

Предвидено е сите овие предлози да важат за патување од земји кои не спаѓаат во т.н. темноцрвена област каде што ширењето на болеста е силно. Денеска, по четврти пат, Советот на ЕУ издаде општи препораки за слобода на патување од почетокот на пандемијата.

kurir.mk

Претходно

Мета: Доста е од корупција во Албанија, да се угледаме на соседите

Следно

ФОТО | Која е Џулија Фокс, девојката на Канје Вест: Муза од Њујорк со тешки зависности во минатото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian