Цунами од новозаразени што бараат болнички кревет – се отвораат нови болнички капацитети

2 mins read

Министерството за здравство од денеска отвора нови болнички капацитети затоа што нагло е зголмен бројот на пациенти на кои им треба хоспитализација поради ковид-19. Од Министерството за „Слободен печат“ велат дека на дневна основа ја следат состојбата со болнички кревети за навремено да ги планираат идните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болница.

Поради континуиран пораст на бројот на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација и покрај тоа што уште има слободни места, во текот на денешниот ден ќе се стават на располагање и дополнителни болнички капацитети кои и во претходните месеци згрижуваа пациенти со потешка клиничка слика на ковид 19, велат од МЗ за Слободен печат.

Оттаму додаваат дека според податоците од клиничките болници кои секој ден доаѓаат до Министерството во моментот, слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември“ и на ТБЦ институтот. Сепак, според информациите на Слободен печат од терен, вчера вечер, пациенти за хоспитализација, со повеќе коморбидитети и ниска сатурација, биле одбиени за хоспитализација во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника поради нивна исполнетост.

Во ковид центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти на Клиниката за инфективни болести, во ГОБ „8 Септември“ и во ТБЦ. На инфективните одделенија и ковид центрите ширум државата хоспитализирани се 576 пациенти и има 183 слободни места.

Омикрон варијантата на коронавирусот, иако има поблага симптоматологија и најчесто лекувањето е домашно, со посети на дневните болници и амбулантите на матичните лекари, сепак на повеќе од 20 илјади активни случаи, во пораст е бројот на оние на кои им е потребна хоспитализација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барти експресно во полуфиналето на Австралија Опен

Следно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина маестро Џамбазов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian