Црна Гора воведе санкции за три руски компании

1 min read

Црна Гора ги поддржа европските санкции против три руски компании, кои, според соопштението на Советот на ЕУ, се вклучени во зделки со нафта во Сирија и служат за помагање на операциите на групата Вагнер, за која се вели дека е руска платеничка армија, јави РТЦГ.

Освен за три компании, Црна Гора воведе санкции и за двајца руски државјани кои, како што се тврди, се во највисокото раководство на Вагнер групацијата.

Соопштението за одлуката на Црна Гора беше објавена од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност на веб-страницата на Советот на ЕУ.

Под санкциите се Velada LLC, Mercury LLC и Evro Polis LLC и Андреј Трошев и Андреј Богатов.

Кон овие мерки, како што се посочува, се прибегнува поради вмешаноста на овие лица во настаните во Сирија.

Црна Гора неодамна поддржа уште еден пакет европски санкции против Вагнер групата, поради обвинувањата за кршење на човековите права во некои африкански и азиски земји, но и во источна Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Судир во центарот на Скопје: Возач не ја пропуштил Брзата помош која транспортирала пациент кон Клинички

Следно

Пјонгјанг истрелал две крстосувачки ракети, тврдат јужнокорејски медиуми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian