Првата носителка Ешли Барти за 64 минути обезбеди пласман во полуфиналето на првиот годинешен гран слем турнир. Најдобрата светска тенисерка со 6:0,6:2 ја декласира Американката Џесика Пегула и си закажа полуфинална пресметка со Медисон Киз.
Пегула беше рамноправен противник само на стартот од мечот, Барди веднаш направи брејк, а Американката успеваше да остане во игра до петтиот гем (3:2).
Потоа следеа три гема по ред на Барти за триумф од 6:2 и тотална доминација во вториот сет. Австралиската тенисерка во вториот сет не и доволи на Пегула да освои ниту еден гем и на доминантен начин се пласира во полуфиналето.