ВИДЕО | Комичарката Кејти Грифон го растажи светот: Имав рак на белите дробови иако во животот не сум запалила цигара

2 mins read

Познатата американска комичарка и актерка Кејти Грифин на својот инстаграм-профил прозборе за борбата со ракот на белите дробови.

Имено, минатата година таа ги загрижи обожавателите кога поради болки во стомакот заврши во болница, а подоцна изјави дека сето тоа најверојатно се должи на компликации со коронавирус.

Неодамна таа првпат проговори за болеста и рече дека операцијата за отстранување на дел од белите дробови поминала добро и дека се опоравува.

„Луѓе, морам нешто да ви кажам. Имам рак. Наскоро ќе имам операција за отстранување на дел од левото белодробно крило. Да, имам рак на белите дробови иако никогаш во животот не сум запалила цигара. Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот е во прва фаза. Се надевам дека по операцијата нема да морам да одам на хемотерапија или зрачење и треба да живеам нормален живот. Последните четири години беа навистина тешки за мене бидејќи се обидував да се вратам на работа и да ве насмеам, но ќе бидам добро. Ја примив вакцината против коронавирусот, без неа последиците би биле уште полоши. Одете на лекарски прегледи, тоа ќе ви го спаси животот“, неодамна откри таа.

Сега, Грифин објави видео дека операцијата е завршена и во нејзин стил сподели видео на кое се гледа како се одвива првата прошетка по операцијата.

Да потсетиме, Грифин се најде во центарот на вниманието на светската јавност пред четири години, кога го „навреди“ поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа му позираше на фотографот Шелдс држејќи лажна крвава глава во рацете, која потсетуваше на Трамп.

Уште од детството знаела дека ќе биде дел од светот на забавата, а сега се соочува со една од најтешките ситуации во текот на овие 60 години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во куќа во Милвоки убиени пет лица

Следно

Циципас против Синер за полуфинале на „Австралија опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian