ВИДЕО: Елиминирана Халеп, Медведев против Оже-Алијасим на „Австралија опен“

1 min read

Вториот тенисер на светот, Данил Медведев се пласираше денеска во четвртфиналето на грен слем турнирот во Мелбурн по победата над Американецот Максим Креси со 6:2, 7:6 (4), 6:7 (4) и 7:5 во меч кој траеше три и пол часа.

Следен противник на Русинот ќе биде Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим кој славеше против Марин Чилиќ од Хрватска со 2:6, 7:6 (7), 6:2 и 7:6 (4).

– Загубив три пати од Марин, ова е првпат да го победам. Тој е шампион и тоа му го кажав на крајот. Така што победата, на овој начин, ме прави навистина среќен – рече Оже-Алијасим после триумфот.

Помеѓу најдобрите осум на „Австралија опен“ се најде и Италијанецот Јаник Синер кој со 3:0 го елиминираше домашниот натпреварувач Алекс Де Минор.

Во женска конкуренција 14. носителка Симона Халеп (Романија) загуби од Французинката Ализе Корне со 1:2 (4:6, 6:3, 4:6) за нејзино прво грен слем четвртфинале.

За влез во полуфиналето Корне ќе игра против Американката Дениел Роуз Колинс која со 4:6, 6:4 и 6:4 славеше против Елис Мертенс (Белгија).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина познатиот моден дизајнер Тиери Муглер на 73 годишна возраст

Следно

Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian