ВИДЕО | Дечкото на Ким Кардашијан го исмејува Ѓоковиќ: Срамна шега, велат фановите

2 mins read

Иако комичарот и актер Пит Дејвидсон е честа тема на шоубиз озборувања во последните месеци, пред сѐ, поради својот бурен љубовен живот, пошироката јавност во Србија сега може да го запамети по неговата оригинална, комична работа, бидејќи во рамките на емисијата „Saturday Night Live“ го имитирал српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.

Споменатата емисија преку комични скечеви и коментари се обидува да ги коментира актуелните настани во светот. Во најновата епизода, во клипот првенствено ја пародирале Лора Инграм и нејзината емисија на каналот „Фокс њуз“, потоа го спомнале Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, а потоа и „Ѓоковиќ“, кој ја коментирал својата депортација од Австралија.

Прво се пошегувале дека по овој скандал Новак сега е „најнеомилениот Џокер, после Џаред Лето“. Потоа, Дејвидсон со својот лош српски акцент ја објаснил својата, односно приказната гледана од страна на Ѓоковиќ.

Фото: Јутјуб/ Принтскрин

„Луѓето сакаат да те симнат од тронот, ако си најдобар во тенис, или си многу богат, или ако одиш на хуманитарен настан со 200 деца, а ти се распаѓаш од ковид. Но, некако знам дека луѓето еднаш ќе се осврнат на сето ова што се случи и ќе кажат – кому му е гајле“, изјавил Ѓоковиќ, односно Дејвидсон.

На крајот, Лора Инграм, во интерпретација на Кејт Мекинон, го поздравила со зборовите „Се гледаме на Вимблдон“, на што Ѓоковиќ во интерпретација на Дејвидсон одговорил со – „веројатно не“, алудирајќи на тоа дека не бил вакциниран против коронавирусот.

„Срамно и нималку смешно“, „Ова требаше да биде смешно?“, „Пит, засрами се“, „Бламанто“, „Ја помина границата“, „Малку претеравте“, „Лоша копија на Ѓоковиќ“ , „Непријатно ми е да го гледам Пит во улогата на Ѓоковиќ“, се дел од коментарите.

Младиот Пит Дејвидсон во последните месеци е најактуелен поради врската со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

ким кардашијан пит дејвидсон
Фото: Профимедиа

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца работници загинаа во експлозија во фабрика во Србија

Следно

Бугарската државна телевизија за вечерва најави документарец за убиени Бугари во Македонија, но го повлече од програмата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian