УХМР со предупредување за многу студено време во следните денови – особено прочитајте кој ден ќе имаме -14 степени

1 min read

Времето утре ќе биде сончево и многу студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Времето во среда ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните и северните делови и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Во ноќните часови во североисточните делови ќе провејува снег.

Во четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во петок времето ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот во западните подрачја ќе има повремени врнежи од снег.

УХМР денеска издаде и актуелно предупредување:

Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

kurir.mk

Претходно

Шабани: Појавите на било кој вид на екстремизам во Северна Македонија се намалени

Следно

Скопјанец нападнат од друг скопјанец откако учествувал во сообраќајка на Бит Пазар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian