Уапсен претседателот на Буркина Фасо

2 mins read

Претседателот на Буркина Фасо, Рок Марк Кристијан Каборе, е уапсен и приведен во касарна во главниот град на земјата, Уагадугу, еден ден откако избувнаа немири во повеќе касарни во земјата, која е погодена од екстремистичко насилство, соопштија безбедносни извори.

– Шефот на државата Каборе, претседателот на Парламентот и министри се во рацете на војниците во касарната Сангуле Ламизана во Уагадугу, изјави еден извор.

Информацијата ја потврди и друг извор на безбедносните служби.

Истрели се слушнале доцна синоќа во близина на претседателската резиденција, а рано утринава се воделе борби во близина на претседателската палата додека хеликоптер го прелетувал местото.

Патиштата кон главниот град синоќа беа празни, освен контролните пунктови каде се наоѓале вооружени бунтовничките војници.

Војници беа распоредени утрово пред државната телевизија РТБ во Уагадугу. Десетина маскирани војници биле поставени пред седиштето на телевизијата.

Бунтот на војниците следел еден ден по протестите на кои се бараше оставка на Каборе, што е последен во серијата протести поради незадоволството од односот на владата кон насилството од страна на исламистичките екстремисти во земјата.

Владата од вчера не дава никакви изјави. Министерот за одбрана Еме Бартелеми Семпоре претходно изјави за државната телевизија дека неколку касарни биле погодени од немири, не само во Уагадугу, туку и во други градови. Тој потоа негираше дека бунтовничките војници го држат претседателот Каборе во заробеништво, иако не било познато каде се наоѓа.

Претседателот Каборе дојде на власт во 2015 година и беше реизбран во 2020 година врз основа на ветувањето дека негов приоритет ќе биде борбата против екстремистите.

Каборе вчера воведе полициски час од 20.00 до 5.30 часот наутро.

kurir.mk

Претходно

Драмата во црногорската влада продолжува: Премиерот Кривокапиќ бара смена на вицепремиерот Абазовиќ од друга функција

Следно

Што прави денеска: Снежана Стојчевска, поетеса

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian