Смути за совршен ефект: 5 рецепти од светски успешни спортисти

5 mins read

Секогаш колоритно, богато со нутритиенти и шарено во вкусови, смутито е замена за оброк која упорно го чува своето место во здравата исхрана. За појадок или вечера, пред или по тренинг, еве 5 смути рецепти кои ги користат врвните спортисти кои може да ги искористите како инспирација за вашето следно смути.

Том Брејди – смути со 34 грама протеин

Том Брејди ги препиша книгите за рекорди во НФЛ на 44-годишна возраст, а за својата историски долга кариера ја припишува неговата строга диета и начин на живот, кои вклучуваат богато протеинско смути што го пие секое утро.

Рецептот за смути на Брејди, кој има 34 грама протеини и е без лактоза, содржи:

  • Бадемово млеко
  • Млеко од коноп
  • Замрзнати банани
  • Ореви
  • Боровинки
  • Чиа семе
  • Путер од бадеми
  • Протеин од сурутка во прав
том брејди
Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Наоми Осака – смути за дополнителни електролити

Наоми Осака користи спортски пијалоци во своите смути пред и после тренинг за дополнителни електролити. Таа веќе освои четири Грен слем титули на само 24-годишна возраст. Нејзините тренери го признаваат нејзиниот природен талент заедно со дисциплина и мотивација.

Еден од клучните моменти во успехот на Осака за здрав начин на живот се нејзините смути пред и после тренинг.

Таа користи спортски пијалок Бодијармор – чиј амбасадор е – за да ѝ даде дополнителни електролити за хидратација на своите смути пред тренинг:

  • Боровинки
  • Јагоди
  • Банана
  • Чиа семе
  • Спортски пијалок Bodyarmor
  • Ледени коцки

Нејзиното смути после тренинг ги заменува бобинките со зелен зеленчук, протеински прав и друго овошје:

  • Спанаќ
  • Краставици
  • Спортски пијалок Bodyarmor
  • Протеински прав
  • Јаболка
  • Ананас
  • Лимон
  • Ѓумбир

наоми осака
Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Јанис Антетокумпо – смути со состојка за закрепнување

Јанис Антетокумпо стана најмладиот играч кој го освоил МВП финалето на НБА од 2014 година кога ги предводеше Милвоки Бакс до титулата во НБА во 2021 година.

Рецептот кој 27-годишната суперѕвезда висок 2 метри го сподели во видеото за „Uninterrupted“ од 2019 година, е комбинација која треба да му помогне да се опорави доволно по секој натпревар за да даде најдобро подготвен за следниот натпревар.

Рецептот за смути на Антетокумпо содржи сок од целер, кој е преполн со есенцијални хранливи материи и некои експерти велат дека може да го намали воспалението:

  • Јагоди
  • Малини
  • Банана
  • Гранола
  • Ледени коцки
  • Сок од целер
јанис антетокумпо
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES SHUTTERSTOCK OUT

Венус Вилијамс – „двојно“ смути со кокос и млеко

Венус Вилијамс се смета за една од најдобрите спортистки на сите времиња, со вкупно 23 гренд слем титули во текот на нејзината кариера, a на 41-годишна возраст, Вилијамс сé уште е активен играч.

Рецептот за смути на Вилијамс, кој го сподели со „InStyle“, е богат на тропско овошје:

  • Коцки ананас
  • Кокосово масло
  • Ледени коцки
  • Бадемово млеко
  • Кокосово млеко
  • Банана
  • Екстракт од ванила
венус вилијамс
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA EDITORIAL USE ONLY

Стив Кари – совршен баланс од овошје и зеленчук за опоравак

Смутито кое сопругата на Стив Кари го подготвува за него по натпреварите е преполно со овошје и зеленчук.

Стив Кари е кандидат за освојување на третата награда за МВП во НБА оваа година на 33-годишна возраст. Трикратниот шампион во НБА мораше да надмине низа повреди во последниве години за да го одржи својот успешен статус, но тој успеа да се врати на теренот секој пат исто толку силен.

Кари рече дека користел совети за животниот стил од Том Брејди за да ја продолжи својата кариера, но добива помош и од неговата сопруга Ајша Кари, која прави смути со овошје и зеленчук според нејзиниот инстаграм-профил.

Рецептот за смути содржи спанаќ и кељ, кои имаат тони витамини и хранливи материи и антиоксидантни својства:

    • Боровинки
    • Обичен грчки јогурт
    • Манго исечено на коцки
    • Кокосова вода
    • Цимет
    • Екстракт од ванила
    • Манго
    • Спанаќ
    • Кељ
стив кари
Фото: EPA/STEVE DIPAOLA CORBIS OUT

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Овој градоначалник почна да добива плата во КРИПТОВАЛУТИ

Следно

Одржана генералната проба на свеченото отворање ЗОИ Пекинг 2022: Досега невиден спектакл

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian