Шабани: Појавите на било кој вид на екстремизам во Северна Македонија се намалени

1 min read

Појавите не било кој вид на екстремизам во Северна Македонија се намалени, вели во изјава за „Слободен печат“ Самет Шабани, познавач на темата екстремизам.

– Граѓаните сé повеќе се посветени на дневните реални предизвици на животот. Сепак, прашање е колку постоечките двигатели односно факторите (политичка нестабилност и криминал, недостаток на перспектива во земјата) би предизвикале нов тренд на екстремни појави во општеството. Некои групи што проповедаат екстремни мислења и практики злоупотревувајќи ги верските и националните чуства развиваат пософистицирани онлајн форми и во Северна Македонија и во регионот, но воедно и глобалните ИТ копмании (Гугл, Фејсбук, итн.) во соработка со државите развиваат по ефикасни механизми за нивно спречување, истакна Шабани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Циципас против Синер за полуфинале на „Австралија опен“

Следно

УХМР со предупредување за многу студено време во следните денови – особено прочитајте кој ден ќе имаме -14 степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian