„Романтично“ во Анталија, Рушевиќ стрелаше за победа над Лвов

1 min read

Работнички оствари триумф од 1:0 против украинскиот прволигаш Лвов на првиот пријателски натпревар во Анталија.

Стрелец на победничкиот гол за „романтичарите“ беше новото засилување Анес Рушевиќ во 40 минута од мечот.

Покрај погодокот, Работнички создаде уште неколку одлични шанси кои сепак не беа реализирани. Во изгледни позиции беа Марјан Ристовски и Симеон Христов.

Тренерот Борче Христов го почна натпреварот со следниот состав: Јанков, Максимов, Илиевски, Кировски, Аломеровиќ, Гоес, Зејнулаи, Тодоровски, Рушевиќ, Станковски, Ристовски.

Во вториот дел шанса добија и останатите фудбалери. Пред стартот на овој меч клубот објави дека нов играч е дефанзивецот Драшко Ѓорѓевиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сцената ја замени со селска идила: Ивана Банфиќ ги поздрави обожавателите од штала

Следно

Димитров: Не е успех само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian