Првите знаци на болести се појавуваат во урината: Не игнорирајте ги овие седум симптоми!

3 mins read

Бојата на урината е важен индикатор за здравјето, а секоја промена во вид на обоеност, мирис и конзистенција може да биде показател на состојбата на вашиот организам.

Здравата урина е со жолта боја, но нијансата може да варира во зависност од количината на внесените течности. Премногу обоеност и интензивен мирис можат да бидат показател за дехидратација на организмот, а во некои случаи може да укаже и на болести на бубрезите и црниот дроб.

Ви претставуваме неколку предупредувачки знаци на кои би требало да внимавате секој пат кога одите во тоалет.

1. Ако има сладок мирис

Слаткиот мирис на урината честопати е важен симптом при дијагноза на дијабетесот, истакнуваат лекарите. А, кај лицата кои веќе знаат дека боледуваат од дијабетес, слаткиот мирис би можел да укаже на тоа дека нивото на шеќер во крвта не им е во границите на нормалата.

2. Заматеност

Тоа би можело да биде едно наговестување дека во уринарниот тракт постојат некои непосакувани бактерии.

Таа заматеност настанува поради излачување на бактерии и леукоцити – клетки кои се борат против инфекциите, истакнуваат лекарите. Дури и ако се чувствувате добро и немате други симптоми, обрнете внимание на ова, бидејќи тоа значи дека инфекцијата се интензивира.

3. Во урината има црвена или розеникава боја

Иако зеленчукот со црвена боја може да биде виновник за оваа промена, исто така, бојата може да ви укаже и на крв во урината, што никако не е добар знак. Тоа може да биде симптом за уринарна инфекција, камен во бубрегот, а во ретки случаи дури и за карцином на бешиката или бубрегот, велат лекарите.

Црвената боја на урината укажува на присуство на хемоглобин, односно на крв во случај на камен или песок во бубрегот, но укажува и на разни воспалителни процеси како што се оштетување на мочните канали и бешиката (мочниот меур), па дури и на присуство на канцероген процес, малигнитет.

4. Ако мириса многу одбивно

Урината не треба да мириса на рози, но ако има исклучително силен, остар мирис (како расипано овошје или компот), вашиот мочен меур ве предупредува на некоја инфекција. Како и кај заматената урина, тоа може да биде знак којшто не треба да го игнорирате.

5. Забележувате дека ве пече кога уринирате

Пецкањето или болката додека уринирате би можеле да бидат предизвикани од инфекција или сексуално пренослива болест како што се кламидија или гонореја.

6. Константно имате чувство на притисок

Ова е класичен симптом на уринарна инфекција, поради која вашата бешика и мочен канал се воспалени, па имате чувство дека константно мора да одите во тоалет.

7. Одите во тоалет многу повеќе отколку обично

Можеби сте бремени, ако сте жена. Но, ако не сте бремени, можеби за вашите чести посети во тоалетот е виновна консумацијата на алкохол или напивките кои содржат кофеин. Ова, исто така, би можело да биде знак на дијабетес или за тумор, ако можете да го исклучите сето друго наведено.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На полноќ во оваа европска земја стапија нови мерки, без три дози вакцина нема влез – таму живеат многу македонски граѓани

Следно

Пецаков по закон морал да седи дома веднаш по тестирањето за ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian