Почина познатиот моден дизајнер Тиери Муглер на 73 годишна возраст

2 mins read

На официјалниот  профил на францускиот моден дизајнер и креатор на парфеми, Тиери Муглер осамна информацијата дека на 23 јануари 2022 починал.

Муглер е познат по своите импресивни колекции со структуирани и софистицирани силуети, но и парфемите како Angel, Aura, Alien. Славни личности кои продефилираа во негови креации се Меган Фокс, Бијонсе, Ким Кардашијан, Карди Би и многу други.

„Со тага ве известуваме дека нашиот драг господин Манфред Тиери Муглер почина“, стои во објавата на неговиот инстаграм- профил.

Неговиот агент Жан Баптис Ружо објави дека дизајнерот починал од природна смрт, и дека оваа недела требало да најави нови соработки и проекти. Дизајнерот ја користеше модата како совршена претстава за комбинирање на спектаклот и визионерските проекции на неговиот ум.

„Секогаш сум мислел дека модата сама по себе не е доволна и дека треба да ја прикажувам во музички и театарско опкружување“ – еднаш изјави  починатиот моден дизајнер.

Муглер е роден во декември 1948 година во Стразбур, Франција. Како тинејџер бил дел од оперниот ансамбл Опера ду Рин, а потоа студирал во Школата за декоративни уметности.

„Танцот ме научи многу околу позирањето, организација на облеката, важноста на рамената, држењето на главата и ритамот на нозете“ – изјави тој.

Уште како млад сам си ја креирал облеката, купувајќи и од локалните пазари облека „од втора рака“. На 20 години се сели во Париз, каде работи во балетен ансамбл, но модата му го украла срцето.

Подоцна станал слободен стилист, работејќи за модни куќи во Париз, Лондон и Милано. Во 1973 година конечно основал сопствена модна куќа „Cafe de Pariz“, a подоцна и брендот со неговото име. Неговите креации се едни од најпознатите на светот, кои ги нагласуваат женските облини, отворените деколтеа и линиите на рамената.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Мексико убиена новинарка која била во државната програма за заштита на новинари

Следно

ВИДЕО: Елиминирана Халеп, Медведев против Оже-Алијасим на „Австралија опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian