Пеколен февруари: Барса може да ја заврши сезоната на 1 март!

2 mins read

Елиминацијата од Кралскиот куп и шпанскиот Суперкуп, како и очајната партија и тесната победа над Алавес повторно го активираа алармот на „Камп Ноу“.

Преодниот рок трае уште седум дена, Матеу Алемани најверојатно нема да „спие“ до 31 на полноќ, бидејќи на секој начин ќе се обиде да го засили тимот. Генералниот директор на Барса смета дека екипата нема да биде четвртопласирана доколку не бидат ангажирани нови играчи, двајца во одбраната и еден напаѓач.

Во игра се Алваро Мората, Николас Таљафико, потоа летни желби се Сезар Аспиликуета, Андреас Кристенсен кои стануваат слободни, но сега нема шанси да си заминат од Челси.

Алемани е свесен деке може да донесе играч само на позајмица, тешко дека сега ќе може да дојде до оние вистински „мети“, но тука не е крајот…Кој е дополнителниот проблем?

Распоредот во февруари е буквално пекол. Барса по двонеделна пауза веднаш ќе го пречека Атлетико Мадрид во директна пресметка за Лигата на шампионите, потоа градското дерби со Еспањол, па со Валенсија и Атлетик Билбао, а патем и дуел со Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Во превод, шест пеколни натпревари за Барса, а доколку не освои бодови ќе отпадне од Наполи, може да ја заврши сезоната веќе на 1 март.

Погледнете го распоредот на Барса – февруари 2022:

„Ла Лига“, 6 февруари Барселона – Атлетико Мадрид
„Ла Лига“, 13 февруари Еспањол – Барселона
Лига Европа, 17 февруари, Барселона – Наполи
„Ла Лига“, 20 февруари, Валенсија – Барселона
Лига Европа, 24 февруари, Наполи – Барселона
„Ла Лига“, 27 февруари, Барселона – Атлетик Билбао

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Канје Вест конечно ја преболи Ким: Се фали со новата девојка каде и да стигне!

Следно

Осум милиони евра ќе се потрошат за зимско одржување на улиците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian