Откажани седмото и осмото продолжение на „Невозможна мисија“: Поради пандемијата, ќе почекаат до 2024та

1 min read

Изгледа дека навистина е невозможна мисија да се случи премиерата на некои филмови.

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“ во која главен протагонист е Том Круз, нажалост официјално се одложени до 2023 и 2024, поради пандемијата на ковид-19, објавија во јавното соопштение продуцентите на Парамаунт Пикчр и Скајденс.

Невозможна Мисија/Филмски серијал
Pictures / Profimedia

„Невозможна мисија 7“ требаше да се прикажува во кино во почетокот на септември 2022, а „Невозможна мисија 8“ во јули 2023та.

Компанијата даде и официјално известување:

„Откако добро се размисли состојбата, Парамаунт Пикчрс и Скајденс одлучија дека ќе ги одложат датумите за премиерите на „Невозможна мисија“ 7 и 8, поради траењето на пандемијата.

Филмот кој е еден од култните блокбастери и серијал во продолженија е во режија на Брајан Де Палма и е акционо-шпионски трилер филмови засновани на истоимената телевизиската серија.

Главна улога во серијалот игра Том Круз како ИМФ агент Итан Хант.

Серијалот досега има заработено 2.770 милијарди долари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мајка која со бебето во раце работи како касиерка го расплака светот – за некој мајки не постои породилно отсуство (ФОТО)

Следно

Почина легендарниот српски фудбалер Борислав Стевановиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian