Ѓорѓиев: Патоказот 5+1 е обид да се направи анекс кон договорот

1 min read

Со барањето за рехабилитација на Бугарите жртви во комунизмот, Бугарија сака да докаже дека по 1945-та година во Македонија има дебугаризација и присилна Македонизација. Со тоа сакаат да докажат дека ние сме еден народ и дека македонската нација е вештачка, посочи поранешниот член на историската комисија, Ванчо Ѓорѓиев во вечерашното гостување на емисијата „Заспиј Ако Можеш“ на Телевизија Алфа.

„Настојувањето на Бугарија за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав е само уште една стратешка позиција да добие Бугарија и нема никаква врска со договорот за добрососедство и пријателство. Целиот овој настан што Бугарија сака да го направи е пародија. Бидејќи во Бугарија моментално има негирање на пресудите од судот за човекови права за македонците во Бугарија“, истакна Ѓорѓиев.

Тој додаде дека ова како и многу други прашања коишто произлегоа отпосле, не се воопшто прашања коишто произлегуваат од договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. Туку се прашања отпосле наметнати еднострано од рамковната позиција изгласана во Бугарскиот парламент.

„Целиот корпуз на прашања или патоказ 5+1, сето тоа е обид да се направи анекс кон договорот. Што претставува дека Бугарската страна е незадоволна од тоа што е потпишано во договорот за добрососедство и пријателство. Бугарија сега се обидува договорот да го дополни и прошири односно да направи анекс на договорот со давање на нови услови за Македонија“, заклучи Ѓорѓиев.

kurir.mk

Претходно

ТФТ има уште една меч топка во БИБЛ лигата

Следно

Србин се удавил во Австралија додека ја спасувал шестгодишната ќерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian