МСГ откри две групи, Бејтул Мухаџирин и Нашееди им, кои шират пропаганда поврзана со ИСИС

2 mins read

Институтот за стратешки дијалог спроведе истражување во рамки на проектот „Мрежа на силни градови (МСГ)” во кое анализирал околу 1.290.554 публикации на македонски и на албански јазик. Околу 2% од нив биле утврдени како поларизирачки, полни со омраза и екстремистички по природа.

„Селафи-џихадистички материјали во содржините на албански јазик од проминентни имами поврзани со терористички групи се сѐ уште лесно достапни на Фејсбук и Јутјуб. Една од главните причини поради кои содржините сѐ уште не се отстранети е дека имамите започнаа да користат јазик кој не повикува изрично на насилство. Сепак, овие имами и понатаму претставуваат ризик, бидејќи коментираат значајни социјални и политички прашања, што би можело да се разбере како повик за оружје. Изречно екстремистички и полни со омраза селафи-џихадистички содржини се исто така присутни на албански јазик и се проширени во рамките на разни групи”, се вели во истражувањето.

МСГ откри две групи – Бејтул Мухаџирин и Нашееди им, кои шират пропаганда поврзана со ИСИС која повикува на џихад. Дел од нивните содржини се насочени кон албанските имами и групи кои оперираат во Северна Македонија.

„МСГ го следеше и онлајн присуството на националистичката група наречена Христијанско братство која се закануваше на опоненти, водеше политички кампањи, споделуваше лажни информации за ковид-19 и спроведуваше хуманитарни настани. Оваа националистичка група ја користи религијата и својата политичка агенда за поделба на општеството во „наши” и „ваши” групи и користи слична тактика како екстремистичките салафи-џихадистички имами за спојување на религијата и политиката“, стои во истражувањето.

Според податоците на истражувањто, политички поларизиранитее онлајн наративи се најзастапени и сочинуваат околу 18.371 релевантни содржини, 13.562 пораки биле на македонски јазик и 4.809 на албански јазик. Скоро половина од податоците на македонски јазик биле идентификувани на Твитер (7.025), потоа на Фејсбук (3.263) и веб форумите (2.596), додека пак најголем дел од содржините на албански јазик биле од веб форумите (4.598).

Online-Extremism-Mapping-Macedonian

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина легендарниот српски фудбалер Борислав Стевановиќ

Следно

ЦУК трага по 77 годишно лице – од трлото со овци се упатил кон домот по што му се губи трага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian