Малер: Бензема прво беше повреден, па дозна дека му била ограбена куќата!

1 min read

Недела, 23 јануари 2022, се вбројува во еден од најлошите денови во животот на Карим Бензема. Играчот на Реал Мадрид најпрво се повреди во 58. минута на натпреварот од шпанската „Ла Лига“ против Елче.

Потоа, откако успешно се опорави, кога дојде дома му следуваше нова несреќа, односно куќата му беше ограбена.

Како што информира „20 минути“, крадците низ градината влегле во луксузната куќа која се наоѓа во Сан Себастијан де лос Рејес и ограбиле сè што било вредно.

Медиумите не наведуваат колкава штета претрпел францускиот ас, но добро е што за време на грабежот немало никој во куќата.

Бензема по вторпат е мета на крадци во Шпанија. Mу беа украдени домашните вредности во февруари 2019 година за време на полуфиналниот куп-натпревар против Барселона. Французинот претрпе пораз на тој меч.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ким Кардашијан без грам фотошоп: Ужива на Бахамите како сирена излезена од вода

Следно

Ковачевски-Петков: Важно е да се поттикне соработката меѓу државните универзитети во двете земји

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian