Лазаров: Ова Европско првенство е чудно и нерегуларно!

1 min read

Македонската сениорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство уште во првата фаза со три порази од Словенија, Црна Гора и Данска.

Селекторот Кирил Лазаров во интервјуто за хрватскиот „Индекс.хр“ зборуваше за неговата селекција и случувањата на овој континентален собир каде што „диригира“ и коронавирусот и кој е според него фаворит за титулата.

– И ние сме во процес на подмладување на репрезентацијата. На последниот тест пред заминувањето на ЕП дури седум многу важни играчи беа позитивни на коронавирус, а поради повреди останавме без тројца важни играчи (Манасков, Марковски, Лазаров). Така несреќниот ковид нè натера, сакале или не, да играме со помладите.

Имав шест играчи со 20 години во составот и повторно бевме на исто ниво со Словенија и Црна Гора до 59. минута. Не се исплати сега да плачеме. Во денешно време секој различно ја толкува секоја ситуација, онана како му одговара и според тоа каде гледа интерес. Најважно е да не ја изгубиме главата во овој хаос. Мора да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме напред.

Околу фаворитите за златото, Данците навистина добро играат. Силни се и сè поминува без никакви проблеми. Французите добро се држеа, но мислам дека паднаа. Секоја репрезентација освен Данска имаше многу проблеми во различни периоди и затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно – вели Лазаров.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кокосово масло: како да го користите за да третирате егзема, сува кожа и акни

Следно

Во Крушево ќе биде одбележан роденденот на Тоше

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian