Кривокапиќ потврдува дека ја приватизирал црногорската Влада, според Граѓанското движење УРА

1 min read

Со предлогот за смена на вицепремиерот, Дритан Абазовиќ, од функцијата претседател на Националниот совет за борба против високата корупција, црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ потврди дека ја приватизирал Владата и институциите заради отворена политичка пресметка, соопшти денеска Граѓанското движење УРА.

Политичката директорка на УРА, Ана Новаковиќ Ѓуровиќ изјави дека не постои ниту една формална и суштинска причина за ваквата одлука.

„Владата во претходниот период постигна резултати само во борбата против корупцијата и организираниот криминал, што беше потврдено и во Извештајот на Европската комисија за Црна Гора”, се наведува во соопштението на УРА.

Новаковиќ Ѓуровиќ изјави дека Кривокапиќ не смее да ја злоупотребува својата положба само затоа што, како што наведе, одредена одлука на Абазовиќ не му се допаднала во одреден момент.

Таа додаде дека би било добро да се види какво е образложението за ваквата одлука, бидејќи, како што оцени, тоа може да биде само политичко.

„Во секој случај тоа е политички незрела постапка и недостојна за функцијата што на Кривокапиќ му припадна благодарение на УРА и Абазовиќ”, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец нападнат од друг скопјанец откако учествувал во сообраќајка на Бит Пазар

Следно

Медицинска сестра откри: Пет работи по кои луѓето на смртна постела најмногу жалат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian