Ковачевски-Петков: Важно е да се поттикне соработката меѓу државните универзитети во двете земји

2 mins read

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, денеска во Софија, како дел од програмата на официјалната посета на македонската Влада, го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски”.

Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, имале куса средба со ректорот Атастас Герџиков на која станало збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката межу државните универзитети во двете земји.

Претставниците на Универзитетот „Св. Климент Охридски” и на Економскиот факултет ги запознале гостите со заедничката програма на Универзитетот „Харвард” од САД со Софискиот државен универзитет на магистерските студии на Економскиот факултет, на кој гостин професор е и премиерот на Бугарија Петков.

По ова, двајцата премиери го посетија новоотворениот Македонски културно-информативен центар во главниот град на Бугарија, за официјално да го означат почетокот на работата на дописништвото на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА) во Софија.

За време на посетата на премиерите на Северна Македонија и Бугарија им беа врачени пригодни подароци како симбол на заедничката определба постојано да се заложуваат за борба против дезинформациите и говорот на омраза.

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Ковачевски порача дека дописништвото на МИА во Софија е реализација на заедничката иницијатива за отворањето на дописништва на државните информативни агенции во Скопје и Софија како чекор кој ќе обезбеди редовни, релевантни и објективни информации за граѓаните и за медиумските заедници во Северна Македонија и Бугарија.

Автентичните информации, нагласи Ковачевски, се единствениот одговор во борбата против дезинформациите и медиумската соработка е многу значајна во таа насока, и дека борбата против дезинформациите во голема мерка ќе го намали и говорот на омраза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Малер: Бензема прво беше повреден, па дозна дека му била ограбена куќата!

Следно

Ковачевски и Петков го посетија универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian